Повеќе од 1,2 милиони Американци веќе гласаа за претседател без да чекаат на првата дебата меѓу претседателот Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден во Кливленд, Охајо.
Тоа е според анкетата на Си-Ен-Ен, спроведена меѓу изборни претставници во 20 држави.
Околу 800.000 од поднесените гласачки ливчиња доаѓаат од осум најконкурентни држави. Само во Северна Каролина и Висконсин веќе се поднесени над 500.000 гласачки ливчиња – приближно четвртина од бараниот број.
Големиот процент сугерира дека многу гласачи ги послушале советите на политичарите и изборните службеници кои ги повикаа луѓето брзо да ги испраќаат своите гласачки ливчиња поради страв од одложена достава на пошта.
Сепак, овие гласови се уште се мал дел од гласовите дадени оваа година. Трамп и Хилари Клинтон добија околу 130 милиони гласови заедно во 2016 година.