448
Нашата цел е со регионалните партнери, Бугарија, Албанија и Италија овој Коридор да го позиционираме во единствениот Коридор на Западен Балкан, поради што планираме инвестиција од преку една милијарда евра само во железничката мрежа, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Како што истакна Бочварски, ова било и темата на која пред два дена во Брисел разговарал со еврокомесарката за транспорт.
-Во текот на разговорите со еврокомесарката воедно побаравме и поддршка од европските фондови во оваа фаза на преговори – рече тој.