Над четири тони кокаин заплени морнарицата на Мексико

by Fokus

Мексиканската морнарица заплени над 4,4 тони кокаин и околу 5.300 литри гориво, кои биле пронајдени во три чамци, а во акцијата уапсени се 11 лица.

Секретаријатот на морнарицата соопшти дека пресретнувањето на товарот се случило во две одвоени акции, а во него морнарицата учествувала со хеликоптери, пренесува порталот Капитал Мексико.

Двете операции се извршени на околу 540 километри од мексиканскиот брег на Пацификот – во првата е пресретнат чамец со шест буриња и околу 1.500 килограми кокаин, а во вториот чамец со пет буриња и околу 2.900 килограми наркотици и 5.300 литри гориво.

Според извештаите, во август биле запленети околу 11,4 тони кокаин, а биле уапсени 23 лица, од кои 18 се мексикански државјани.

Од почетокот на годината во мексиканските води се запленети вкупно 37.849 килограми кокаин.

Поврзани новости