Бројот на заболени во светот со ковид-19 надмина четири милиони и, според податоците на интернет-страницата „Ворлдометерс“, тој изнесува 4.197,152 лица.
Од нив, 284.096 луѓе досега починаа, а 1.500,440 ја добиле битката со новиот вирус.
Според тоа, во моментов има 2.412,616 активни случаи на ковид-19, од кои 98 отсто – или 2.365,577 се со лесни симптоми, додека во тешка состојба се 47 039 заболени.
САД со 1.367,963 заболени и 80.787 смртни случаи и натаму ја предводат листата на „Ворлдометерс“. За 24 часа пријавени се нови 325 заболени.
Следува Шпанија со 264.663 заболени и 26.621 смртни случаи.
На трето место се најде Русија која ја надмина Италија по бројот на заразени со коронавирусот – 221.344, од кои 11.656 се нови случаи. Досега во оваа земја починаа 2 009 како последица на ковод-19, од кои 94 во изминатите 24 часа.
Во Велика Британија има 219.070 заболени и 31.855 починати лица.
Следува Италија со 219.070 заболени и 30.560 починати.
Франција која од денеска применува полиберални мерки има 176.970 случаи на заразени со коронавирус и 26.380 починати.
Германија е следна со 171.879 заразени и 7.569 починати лица.
Европа од континентите е на прво место со 1.641,362 заболени и 152.927 смртни случаи. Следува Азија со 671.987 заболени и 22.238 починати.
Во Азија прва е Турција со 138.657 заболени и 3.786 починати, потоа Иран со 107.603 заболени и 6.640 починати.
Кина е трета со 82.918 заболени и 4.633 починати. Во оваа земја, која е епицентар на новата зараза, по подолго време има 17 нови случаи на заразени.
Јужна Америка пријавила 310 189 заболени и 16.388 починати од кои најмногу во Бразил – 162.699 заболени и 11.123 починати лица и Перу со 67 307 и 1 889 починати.
Африка има 65.226 регистрирани заболени лица, од кои нови се 475 и 2.301 починати.
Австралија останува со најниска бројка на заболени – 8 549, кои 10 во изминатите 24 часа и 118 починати лица досега од ковид-19.