Над 95.000 судски предмети останале нерешени

by Fokus

Судовите 2021 година ја почнале со околу 98.000 предмети заостанати од претходната година. Лани во судовите имало нови половина милион предмети, или за решавање вкупно имало над 600.000 предмети. Годината е завршена со нерешени над 95.000 предмети, а 5.000 случаи биле вратени на почетокот. Овие податоци ги сподели претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми на проширената општа седница на Врховен.

-Што како крајна позитивна констатација е дека поголемиот број судови во 2021 година успеале да го совладат бројот на прилив на предмети и го намалиле заостатокот, изјави Беса Адеми, претседателка на Врховен суд.

Само 15 судови се ажурни од вкупно 34 во земјава, вели шефицата на Судскиот Совет, Павлинка Црвенковска. Според неа, во глобала лани судството било ажурно. Кој постапува неажурно следат членовите на Судскиот совет.

-За секој од 34 суда имаме назначено координатор којшто на месечно ниво добива извештај од секој судија, колку сработил, што сработил, и кој предмети ги решил, кој предмети не ги решил, каде има заостаток. Тоа е една од алатките на Судскиот совет којшто му овозможува преку анализите и извештаите коишто координаторите ги достававуваат на седница на Судскиот совет да се преземат мерки против судиите што неажурно постапуваат, нагласи Павлинка Црвнековска, претседателка на Судски совет.

На конференцијата за тоа како да се врати довербата во правосудството организирана од Блупринт групата на граѓански организации за реформи во праводсутвото беше кажано дека во овој сектор мора да се работи уште.

-Постои извесно подобрување, меѓутоа сепак постои сè уште многу за работа, особено во делот на сиситемите за одговорност и транспарентност на судиите и јавните обвинители како би можело да се унапреди довербата во правосудсните институции којашто за жал се уште не е на ниво на коешто би сакале да биде, рече Гоце Коцевски, Здружение „Млади правници“.
.
„Довербата од 8% е нешто што ме шокираше, морам да признаам. Имајќи в предвид дека се во овој временски период кога довербата не беше толку ниска многу се работеше, многу работи од акциониот план се преземаа и донесоа како документи. Меѓутоа, очигледно дека нешто како целиот овој систем е проблематично“, изјави Маргарита Цаца Николовска, Институтот за човекови права.

Ниската доверба од 8% во правосудството пред судии и јавни обвинители претходната недела ја кажа американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз.

Поврзани новости