Над 13.500 барања се одобрени за финансиска поддршка за исплата на плати на вработените за месец октомври 2020 година, а веќе е исплатена на скоро 12.000.
Управата за јавни приходи информира дека досега се одобени вкупно 13.696 барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработени за месец октомври 2020 година, а на 11.954 работодавачи е исплатената финансиската поддршка.
– Вкупната исплата досега изнесува 907.292.339 денари, а опфатени се 58.302 вработени. Во тек е процесирањето на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), по чија обработка Управата за јавни приходи дополнително ќе информира со соопштение, наведуваат од Управата за јавни приходи.
Оваа мерка е дел од четвртиот пакет економски мерки, и се однесува за поддршка на работодавачите за исплата на плата на вработените во последните три месеци од оваа година, односно за октомври, ноември и декември.
Мерката беше дел и од претходните пакети антикризни мерки, кога поддршката изнесуваше 14.500 денари, а поддршката сега е скалеста зависно од тоа колку се намалени приходите на фирмата и изнесува од 14.500 денари до до 21.776 денари по вработен.