Над 900 украински војници од Азовстал се воени затвореници

by Fokus

Над 900 украински војници кои се наоѓаа во опколената мариуполска челичарница „Азовстал“ се исратени во затворска колонија на територија под руска контрола, соопштија руските власти.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, изјави дека од 959 украински војници, за кои Русија соопшти дека се предале, 51 војник се лекуваат поради повреди, а сите други се испратени во поранешна затворска колонија во градот Оленивка, кој влегува под областа Донецк.

Захарова пред новинарите порача дека на сите повредени војници од „Азовстал“ ќе им биде дадена соодветна помош.
Украина не ги коментираше овие руски тврдења за украинската војска.
Руското миинистерство за одбрана вчера објави снимки од украинските борци кои се наоѓаат на болничко лекување во градот Новоазовск под руска контрола. Болницата е под силно воено обезбедување.

Министерството за одбрана на Украина соопшти дека се надева на „размена за да можат украинските херои да се вратат во својата татковина што е можно поскоро“.

Поврзани новости