Над 9 милиони шверцувани цигари откриени на атинско пристаниште

by Fokus

Во контејнер што од Тајланд пристигнал на атинското пристаниште Пиреас, со крајна дестинација Братислава, биле откриени 9,390.000 шверцувани цигари, односно 469,500 кутии.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека по добиените информации од Одделот за борба со дрога и шверц, бил проверен контејнерот, а по отпечатувањето и прегледот, утврдено било дека има скриени куфери зад кои биле сместени 939 картонски кутии во кои имало 469,500 кутии од по дваесет цигари, со што вкупно се запленети 9,390.000 шверцувани цигари.

Според објавеното видео од Крајбрежната служба на Грција, во откривањето на цигарите помогнало и куче-душкач.

За случајот се води прелиминарна истрага, а соодветните давачки и даноци кои претставуваат загуба за државата достигнуваат два милиони евра. ср/сд/Фото/ Видео: Крајбрежна служба на Грција.

Поврзани новости