Граѓанската иницијатива која се залага за избор во однос на носењето на маски во училиштата, вчера одржа протести во Скопје, Битола, Кавадарци, Штип, Куманово, Струмица, Охрид, итн.
Иницијативата, која за неколку дена добила повеќе од 9,000 поддржувачи на социјалните мрежи, се залага за промена на ковид протоколите во образованието, односно употребата на маските од задолжителна, да биде на избор на родителите.
Родителите тврдат дека протоколите се нелогични и според нив без маски може да се користат спортски клубови, ресторани, игротеки, додека пак во училиштата на учениците им е забранет влез доколку не носат маски.
Според нив, последиците од носењето на маски со кои се блокира протокот на кислород во мозокот, ќе има долгограјни последици по нивното ментално и физичко здравје.
Тие се децидни дека од следното полугодие нивните деца нема да одат со маска во школо.