Над 800 странци го напуштија Појасот Газа, што е најголема евакуација досега

by Fokus

Повеќе од 800 странски државјани го напуштиле Појасот Газа преку граничниот премин Рафах, објави египетски пратеник.

Ова е најголемиот број луѓе кои поминале низ Рафа во еден ден од почетокот на евакуацијата. Тоа е прва евакуација на странски државјани од четвртокот, кога повеќе од 300 од нив ја напуштија Газа. Преминот Рафа е единствениот граничен премин меѓу Газа и Египет.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, рече дека е можен договор за ослободување на околу 240 израелски заложници, земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври. Нетанјаху не даде детали, но рече дека едно нешто што може да изнуди договор е воениот притисок што израелските одбранбени сили го вршат врз Хамас. Тој ги отфрли се’ почестите повици за прекин на огнот, освен ако тоа не вклучува ослободување на сите заложници.

Поврзани новости