Над 800 луѓе спасени од големите поплави во Грција

by Fokus

Над 800 луѓе се спасени од големите поплави во Грција во изминатите два дена, соопштија локалните власти, откако обилните врнежи ги претворија улиците во смртоносни реки, урнаа згради и мостови и оставија цели села под вода. Невремето ги погоди и соседните Бугарија и Турција, при што загинаа најмалку 14 луѓе низ трите земји, вклучително и четворица во Грција.

Грчкиот регион Тесалија, земјоделскиот центар на земјата, беше најтешко погоден од, како што го нарече владиниот портпарол Павлос Маринакис најголемиот феномен на поплави што нашата земја некогаш го доживеала.

Пристанишниот град Волос, околниот планински регион Пелион и градовите Кардица и Трикала беа меѓу најтешко погодените области. Врнежите траеја со денови, но од четврток попладне се очекува да ослабне, соопшти Метеоролошката служба на Грција.

Сега се во тек спасувачките операции за да се обидат да стигнат до заглавените во поплавите, кои надминаа два метри ( во некои делови од земјата. Видеата објавени од грчките медиуми и на социјалните мрежи покажуваат дека жителите на едно село во близина на градот Кардица се принудени да пливаат на безбедно откако нивните домови биле поплавени. Други селани беа видени како се качуваат на нивните покриви, единствениот дел од нивните домови кои не се потопени во вода, за да повикаат помош.

Пет села во близина на Кардица се целосно отсечени поради поплавите, а најмалку шест лица се водат како исчезнати

 

Поврзани новости