Над 80.000 евра е вкупната предложена казна за 23 лица од Синѓелиќ кои на 13 април не го почитуваа полицискиот час, односно постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државава. Тројца, од настанот во општина Гази Баба, веќе се обвинети и судот им изрече казна од по 5.000 евра.
Како што соопшти ЈО, обвинетите се идентификувани како лица кои на 13 април околу 22 часот, за време на полицискиот час, биле затекнати групирани надвор од нивните домови во Сингелиќ. Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 35 евра во денарска противвредност.
-Во врска со настанот во Сингелиќ на 13 април, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поднесе Предлог за издавање казнен налог против три лица. Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по овој предлoг, веќе изрече првостепена пресуда со која тројцата обвинети ги огласи за виновни и им ја изрече паричната казна од по 5000 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението на ЈО.
Фото – ТВ Клан