Над 8.000 граѓани вчера примиле прва доза, расте интересот за вакцинација

by Fokus

Од Министерството за здравство велат дека во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.  Прва доза вакцина вчера примиле 8.030 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.679 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 982.645 дози вакцини, а ревакцинирани се 439.048 граѓани.

-Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 63% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 59% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Здравствените власти нагласуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата и додаваат дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход.

Од МЗ потсетуваат дека веб-страницата vakcinacija.mk е отворен за закажување термини за вакцинација на децата.

Поврзани новости