596
Граѓаните на Северна Македонија продолжуваат со непочитување на мерките за заштита од корона вирусот и не носат маска се уште.
„Во текот на изминатото деноноќие (19/20.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 657 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19“, велат од МВР.