Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ земјава е 675 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 253 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 422 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 60 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 55 пациенти, во Прилеп 67, во ковид – центарот во Гостивар 5, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани пет, во Кичево осум, Кавадарци 41, во Гевгелија осум лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.