707
Повеќе од 600.000 граѓани на Бугарија би го продале својот глас на избори во замена за пари, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од „Галуп“.
Истражувањето е направено откако во јавноста се појавиле шпекулации дека во Бугарија може да се купи глас за 75 до 100 евра.
Според анкетата, 11 отсто од испитаниците признале дека би земале пари во замена за гласање за одреден кандидат или партија. Тоа е еквивалентно на бројка од 600.000, од вкупно 5,5 милиони државјани на Бугарија со право на глас.
Луѓето кои признале дека би гласале за пари се повеќето сиромашни. Уште осум отсто од анкетираните не одговориле, а 81 процент изјавиле дека не би го продале својот глас.