Над 60 илјади Украинци се вратиле од странство за да се борат против Русија

by Fokus

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников денеска изјави дека 66.224 Украинци се вратиле од странство за да се приклучат во борбата против руската инвазија, јавија британските медиуми.

„Толку многу мажи се вратија од странство до овој момент за да ја бранат својата земја од ордата. Ова се уште 12 борбени и мотивирани бригади! Украинци, ние сме непобедливи“, напиша Резников во објавата на интернет.

Поврзани новости