Над 60.000 граѓани ја дочекаа 2020 година на плоштад „Македонија“

by fokus

Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со неверојатно шоу и вонвременските хитови на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин.

-Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот на новата година. Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година, велат од Град Скопје.

Поврзани новости