534
Повеќе од 500 пријави од граѓани стигнале до Државниот инспекторат за труд за непочитување на владините мерки против корона вирусот од страна на работодавачи кои, наместо да ослободат од работа родители на деца до 10 годишна возраст или хронично болни лица, се заканувале со откази, информираше на прес-конференција директорот на трудовиот инспекторат, Аљајдин Хавзиу.
Поплаки има и за непочитување на препораките за лимитирање на бројот на вработени и одржување соодветно растојание, редовна дезинфекција на погоните и набавка на заштитна опрема.
Директорот Хавзиу уверува дека се вршат контроли на терен и најави санкции за сите што не ги почитуваат мерките. Дополнително, ги охрабри граѓаните сите притисоци на работното место да ги пријавуваат.