2
Повеќе од 500.000 раселени Палестинци се вратија во северниот дел на Појасот Газа преку патиштата Ал Рашид и Салах ал-Дин, соопштија денеска властите во енклавата.
„Ова се случува по 470 дена принудно раселување од почетокот на геноцидот извршен од израелската окупаторска армија во Појасот Газа“, се вели во соопштението.
Новинарите на Ал Џезира од терен известуваат дека некои повратници на север одлучиле да се вратат во централниот дел на Појасот Газа, бидејќи на северот нема вода, храна, засолниште или санитарни услови.
По 15 месеци војна, раселените Палестинци почнаа да се враќаат на север во понеделникот, откако добија дозвола од израелската војска, додека во тек е размена на заложници и затвореници.