Над 50 вработени, механичари, водоинсталатери, инженери, возачи се избркани од претпријатието со одлука на Управниот одбор.
-Секако, за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е важно што на овој начин директно се загрозува безбедноста на градот Скопје, но и редовната и непрекината испорака на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ до секој дом во главниот град. За ВМРО-ДПМНЕ единствено што е важно е непрекинати да им се нивните партиски вработувања во администрација по системот „клати врата, земај плата“. Кај оваа група на луѓе не постои ниту една скрупула која нема да ја погазат. Последно е прекинувањето на договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички персонал од ЈП „Водовод и канализација“ кои со години работат во ова претпријатие – информира Илиевски, тврди директорот на претпријатието Драган Илиевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека сите членови на Управниот Одбор се избрани и именувани на предлог на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. –
Колку што сме ние запознаени Управниот Одбор работи согласно законот и статутот на претпријатието. Очигледно во Градот Скопје постои неспособност, голема неспособност и Данела Арсовска, велат од партијата.
СУТКОЗ уште минатата недела испратил писмо и до директорот и до првиот човек на управниот одбор во кое нотира дека работниците се преоптоварени оти недостасува стручен кадар. Уште тогаш синдикатот побарал привремените работници да се вработат на неопределено ако се совесни и професионални.
-Toa би се одразило на нормалното фунцкионирање и извршување на секојдевните работни задачи во претпријатието што доведува до преоптовареност на постојните извршители, неможност за навремено извршување на работните задачи и санација на дефектите на водоводната мрежа на територија на град Скопје. Бараме до крај на 2023 и следната 2024 година да се ангажираат поголем број работници со цел да се релаксира недостатокот на технички персонал, велат од СУТКОЗ
Управниот одбор на Водовод, пак тврди дека во август директорот им ги прекинал договорите на 9 вработени, а 5 од нив беа водоинсталатери, 2 оператори за наплата, 1 благајник и 1 санитарен техничар.