479
Животинската популација која егзистира во шумите се намалила за 50 отсто во последните 50 години, пренесуваат светските медиуми.
Причина за тоа е нелегалниот лов, климатските промени и болестите кои се закануваат на врсти како приматите, рептили и птици.
Од 1970 година, популацијата на примати и големи птици се намалила за алармантни 53 отсто, а најголема закана за нив е тоа што се уништува нивното природно живеалиште. Шумските пожари, наводнувањето и неконтролираната сеча на шумите се неколку од причините за ваквата загрижувачка ситуација.