Над 50 отсто од заразените со корона вирус во Русија не покажуваат никакви симптоми

by Fokus

Повеќе од 50 проценти од руските граѓани заразени со корона вирусот не покажуваат никакви симптоми, изјави Ана Попова, раководител на руската Федерална служба за мониторинг на правата на потрошувачите и благосостојба на човекот.

-Доколку зборуваме за асимптоматски пациенти, понекогаш и до 60 проценти се такви, но во целина, статистиката зборува за 50 проценти од откриените заразени, кажа Попова во телевизиско интервју.

Таа додаде дека ова е многу добар показател за земјата, бидејќи тоа значи активно откривање на случаите.

Поврзани новости