390
Вкупно 5.179 потврди за странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за право на азил за само еден ден издаде Министерството за внатрешни работи.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.060, Авганистан –1.417, Ирак-467 додека другите се во помал број.
Полицијата соопшти и дека до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.