382
Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, известуваат светските агенции.
Бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати под урнатините од природната катастрофа. Според последните податоци, во Турција загинале 39.672 лица, а во соседна Сирија повеќе од 5.800.
Спасувачките тимови и понатаму продолжуваат да ги пребаруваат урнатините, иако шансите да се најдат преживеани од ден во ден се намалуваат.