Над 400 милиони луѓе погодени од песочна бура во Кина

by Fokus

Најмалку 409 милиони луѓе беа погодени од песочната бура што ја зафати Кина.

Според Анадолија, погодената област е 2,29 милиони квадратни километри.

Националната управа за шумарство соопшти дека по јужниот дел на Монголија, песочната бура го зафатила и Пекинг и другите северни региони, вклучувајќи ги и провинциите Хеилонгџијанг, Ксинџијанг и Внатрешна Монголија.

Се вели дека песочната бура зафатила 15 провинции и вкупно 409 милиони жители.

Националниот метеоролошки центар (NMC) издаде сино предупредување во понеделникот, откако најмалку осум песочни бури ја погодија северна Кина од јануари.

Во попладневните часови се очекува повлекување на песочната бура во Пекинг.

Метеоролошките служби соопштија дека невремето било предизвикано од силен ветер, предизвикан од локализиран циклон.

Поврзани новости