Над 400 луѓе не носеле маска, полицијата им пиша казни

by Fokus

Граѓаните на Северна Македонија продолжуваат да не ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.

„Во текот на изминатото деноноќие (08/09.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија  по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел  справување со Ковид -19“, велат од МВР.

 

Поврзани новости