627
Би-Би-Си, повикувајќи се на францускиот министер за европски прашања Климент Бин, јави дека Велика Британија и Франција ќе објават договор за повторно воспоставување на товарниот сообраќај до среда.
– Во последните 24 часа постојано разговаравме со нашите француски колеги за низа прашања, а ќе продолжиме и денеска, изјави британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател.
На прашањето дали може да се очекува решение денеска, Пател рече дека се работи на тоа затоа што „во интерес на двете земји е да се обезбеди непречен проток“.
– Ќе видиме што ќе се случи денеска, рече Пател.
Објавата на Лондон за појава на нов, позаразен вид коронавирус предизвика паника во светот погоден од пандемијата на Ковид-19 од кој починаа околу 1,7 милиони луѓе, вклучувајќи над 67.000 во Велика Британија.