Над 40 мигранти загинаа во бродоломот кај Италија, извлечено и тело на бебе

by fokus

Најмалку 45 мигранти, меѓу кои и бебе старо неколку месеци, загинаа при потонувањето на брод недалеку од италијанскиот град Кротоне во Калабрија, изјави италијански официјален претставник.

Таа рече дека покрај 45-те загинати, спасени се и 81 лице, од кои 22 се хоспитализирани.

„Според преживеаните, на бродот имало од 140 до 150 луѓе“, изјави за Ројтерс Мануела Кура, претставник на провинциската влада. Пожарникарите соопштија дека на бродот имало „повеќе од 200 луѓе“.

Кура рече дека бродот со мигранти испловил пред три или четири дена од Измир, Турција, додавајќи дека на бродот имало луѓе од Авганистан, Пакистан и Сомалија.

Државната телевизија РАИ објави дека утринава биле пронајдени 33 тела. Италијанската новинска агенција АГИ објави дека меѓу телата има и неколкумесечно бебе.

Многу од овие бродови, вклучително и едрилици, често стигнуваат до оддалечените делови на долгиот јужен брег на Италија без помош на крајбрежна стража или хуманитарни спасувачки бродови, јавува Радио Слободна Европа.

Несреќата се случи неколку дена откако италијанскиот парламент ги усвои контроверзните нови правила за спасување мигранти.

Според податоците на италијанското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на годината во Италија слетале речиси 14.000 мигранти, наспроти 5.200 во истиот период лани и 4.200 во 2021 година.

Невладините спасија само мал дел, а мнозинството го спаси крајбрежната стража или морнарицата. Но, власта ги обвинува невладините организации дека ги поттикнуваат мигрантите да дојдат и ги охрабруваат шверцерите на луѓе.

Фото: Ројтерс

Поврзани новости