Над 40.000 амандмани за законот за спорната пензиска реформа во Франција  

by Fokus

Пратениците во француското Национално собрание овој понеделник ја започнуваат дискусијата за двата правни текста што ја составуваат.

Оспорена на улиците за време на социјалниот конфликт со досега невидено траење во текот на оваа зима, пензиската реформа што ја посакува Емануел Макрон пристигна во Националното собрание. Пратениците ќе започнат со дискусијата за двата предлог-закони што се однесуваат на истата. Со ова започнува нова битка при разгледувањето на овој многу чувствителен проект, чија цел е да се создаде „универзален пензиски систем“ со поени и да се отстранат посебните пензиски системи што им овозможуваа на одредени категории на вработени да имаат предност за заминување во пензија пред законската возраст од 62 години. Ова истовремено со гарантирање на  финансиски биланс на системот преку поттикнување на Французите да работат подолго – точка на која се кристализираат најмногу спротивставувањата.

Дебатите се најавуваат дека ќе бидат долги и напнати. Специјалната комисија на оваа тема не успеа да го разгледа целиот главен дел од реформата – ситуација што никогаш не се случила во парламентарната историја -, како резултат на опструкцијата на Непокорна Франција и нејзините 19000 измени (амандмани) во текстот (од вкупно 22.000). Затоа првичната верзија на владиниот план  ќе се најде на  разгледување пред пратениците. Неколку усвоени амандмани ќе треба повторно да бидат ставени на гласање. Главно стануваше збор за идно покачување на платите на наставниците, намалување на придонесите на самовработените (мерка наменета да одговорат на незадоволството на адвокатите) или дури и за зголемување на поените за родители кои израснаа деца со посебни потреби.

Пратениците, исто така, ќе треба да ги интегрираат предлозите дадени минатиот четврток од Едуар Филип за време на средбата со социјалните партнери во Матињон, како што е одржување на стекнатите права за време на транзициските периоди, полесен пристап до прогресивно пензионирање во јавниот и т сектор или дури и „вистинско право на доквалификација“ за вработените на тешки работни места.  Од друга страна, за „прашањето на обесштетувањето“, односно да се има право на порано заминување во пензија пред 62 години за овие вработени, владата и социјалните партнери не се согласија, осврнувајќи се на темата конференцијата за финансирање која вистински започнува со работа во вторник.

Пратениците ќе треба да се изјаснат за сите 41,000 нови амандмани (вклучувајќи 600 Републиката во движење и … 23.000 од Непокорна Франција), во многу непријатна клима, десницата и левицата, го сметаат за „небулозен“ и „со дупки“ планот, особено околу триесетте предвидени укази. А се најавуваат и штрајкови во јавниот превоз.

Владата имаше за цел да го усвои законскиот текст на прво читање на почетокот на март, пред општинските избори. Распоред што е тешко да се одржи со оглед бројот на амандманите, што мнозинството не ја исклучува можноста да го зголеми. По второто читање, конечното зелено светло за реформата на пензискиот систем се уште се очекува „до летото“.

Поврзани новости