662
Бројот на инфицирани луѓе со новиот корна вирус во светот синоќа се искачи над 37 милиони, покажуваат податоците на интернет страницата на „Ворлдметрс“ (Worldоmeters).
Од последици од Ковид-19 починаа 1,07 милиони луѓе, а оздравеле 27,8 милиони.
Најголем број назаразени има во САД – 7,8 милиони луѓе, од кои 218.000 починале.
Потоа следи Индија со речиси седум милиони луѓе заразени и 107.000 починати, а на трето место е Бразил со пет милиони инфицирани и речиси 150.000 смртни случаи.
Над еден милион заболени регистрирани се во Русија, каде од последици на Ковид-19 починаа околу 22.000 луѓе.