447
Повеќе од 300.000 граѓани се иселиле од Турција во други држави минатата година, соопшти денеска Националниот статистички институт.
Според официјалната статистика во 2018 година се иселиле 323.918 луѓе што е за 27,7 проценти повеќе во споредба со 2017 година.
Во истиот период во Турција се населиле 577.457 луѓе, од кои најголемиот број се на возраст од 25 до 29 години. Повеќе од половината од нив се населиле во Истанбул, а потоа следат Анкара, Анталија, Бурса и Измир.