Над 30 повредени во верижна сообраќајка во Турција

by Fokus

Десетици автомобили, камиони и автобуси денеска учествуваа во голема верижна сообраќајна несреќа во тунел на автопат кај градот Болу во Турција, јавија локалните медиуми.

Турските медиуми објавија снимка од надзорна камера во тунелот, на која е снимена несреќата. Повредени се најмалку 30 луѓе.

Поради верижниот судир, со часови бил запрен сообраќајот на автопатот Анкара-Истанбул.

 

 

Поврзани новости