271
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски информираше дека денеска започна вакцинацијата против сезонски грип и се одвива во најдобар ред.
-Ги следиме препораките од Светската здравствена организација за почеток на вакцинацијата во октомври. Би било убаво годинава да забележиме пораст на опфатот со што би се приближиле до препораката од СЗО за опфат од 75 проценти, посочи Петличковски.
Обезбедени се 60 илјади дози од четиритипната вакцина.
-Во моментот на северната хемисфера доминира инфлуенца тип А. Очекуваме вакцината да ги покрие циркулирачките варијанти. Засега има добар одзив, веќе над 30 илјади граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат, истакна Петличковски.