689
Повеќе од 3.000 Руси се приведени поради одржување антивоени протести откако претседателот Владимир Путин ја почна инвазијата врз Украина пред три дена, соопшти денеска независен мониторинг.
Во изминатите 3 дена, најмалку 3.052 лица беа уапсени, објави на Твитер независниот мониторинг OVD-info, кои водат евиденција за апсењата за време на протести.
Тие тврдат дека 467 луѓе биле уапсени во 34 градови само денеска.