527
Најмалку 250.000 луѓе досега починале од пандемијата на корона вирусот во светот, покажуваат податоци на универзитетот Џонс Хопкинс.
Поголемиот дел од новите смртни случаи и зарази пријавени во последниве денови доаѓаат од Северна Америка и европските земји, но бројот се зголемува и во помали бази во Латинска Америка, Африка и Русија, пренесува „Гардијан“.
На глобално ниво, во изминатите 24 часа регистрирани се 3.062 нови смртни случаи и 61.923 новозаразени, со што вкупниот број достигна 3,58 милиони.
Експертите изразија загриженост дека достапните податоци го намалуваат вистинското влијание на пандемијата, наведува британскиот весник.