524
Германија регистрираше 25.255 нови случаи на инфекција со коронавирус во изминатите 24 часа, соопшти Институтот за заразни болести Роберт Кох.
Со тоа, вкупниот број на потврдени позитивни случаи достигна 7.535.691.
Во последните 24 часа, германските здравствени власти регистрираа и 52 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19, така што вкупниот број на починати достигна 114.029.