1K
Во последните 24 часа во Србија биле регистрирани 202 новозаразени од 8.853 тестирани, а тројца пациенти починале. Во моментот има 323 хоспитализирани, од кои 10 пациенти се на респиратори.
Од почетокот на пандемијата, 7.098 лица починаа од последиците на вирусот во Србија, додека 719.664 лица беа заразени.
Експертскиот комитет за имунизација им препорача на граѓаните на Србија да примат трета доза од било која од четирите достапни видови вакцини против корона вирусот. Граѓаните ќе можат да бираат од достапните вакцини, а третата доза би требало да се прими најмалку шест месеци по втората примена доза.