496
Владата купува нова опрема и техника за модернизација на Армијата. За подобрување на одбранбените капацитети се предвидени над 200 милиони евра.
Ова го најави претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев и додаде дека опремата била во согласност со НАТО-стандардите.
„Ние со овој чекор апсолутно се вклопуваме во политиките на НАТО. По светската економска и европската должничка криза сега има економско заздравување и затоа започнува нов циклус на инвестиции.” – рече Димитриев.
Тој изјави дека станува збор за буџетски средства кои ќе бидат од повеќе буџети и дека е планирано сета таа опрема да дојде во првите пет години, а плаќањето да биде некаде во период од 10 години.