715
Вкупно 211 мигранти биле пронајдени синоќа во возило во атарот на селото Стојаково, пренесуваат од МВР.
Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти, 63 се малолетни лица.
Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија.