Судскиот совет на денешната седница донесе повеќе одлуки, од избор на судии поротници, до избор на претседатели на судовите во Радовиш и Струмица. Но исто така формирани се и комисии за утврдување на одговорност на судии, по веќе 14 поднесени барања.
-Донесени се одлуки за избор на судии поротници во Основен суд Струга и Основен суд Струмица. Донесени се одлуки за избор на претседател на Основен суд Радовиш и Основен суд Струмица.
Лила Цветаноска, судија на Основен суд Радовиш е избрана за претседател на Основен суд Радовиш. Емил Глигоров судија на Основен суд Струмица е избран за претседател на Основен суд Струмица, информираат од Судски совет.
Оттаму соопштуваат дека донесена е Одлука и за објавување на оглас за избор на претседател на Апелационен суд Гостивар, Апелационен суд Штип, Основен суд Виница и Основен суд Кратово.
-Донесена е Одлука и за објавување на оглас за избор на 1(еден) судија во Основен суд Берово, 1(еден) судија во Основен суд Виница, 1(еден) судија во Основен суд Гостивар, 1(еден) судија во Основен суд Делчево, 1(еден) судија во Основен суд Кавадарци и 1(еден) судија во Основен суд Кичево, велат од Судски совет.
На денешната седница биле формирани и комисии за утврдување на одговорност на судии.
-Формирани се комисии на известители по 14 (четиринаесет) барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, се вели во соопштението.
“Фокус” дознава дека станува збор за барања за утврдување на одговорност за над дваесет судии.
Исто така била донесена и препорака за судиите и членовите на Судскиот совет за користењето на преостанатиот дел од годишните одмори за 2019 година.
В.В.