Над 2 илјади повици на 112 за едно деноноќие

by Фокус

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.119 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 36,76%, а 63,24% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 60,35%, кон Итната медицинска помош 32,98%, а кон пожарникарите 5,61% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 1,05% со другите 63,24% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.343 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи.

ЦУК информира дека пожари на шуми и на вегетација на отворено, според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата, се уште има, така што и во последното деноноќие имало повторно над десетина пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Поврзани новости