Над 2.000 македонски стопанственици викендов се вакцинирале во Србија

by Fokus

Повеќе од 2 000 стопанственици, кои се членовите на Стопанската комора на Македонија, викендов во Србија ја примија првата доза вакцина против ковид-19. Како што информира Стпанската комора, македонските бизнисмени ја примиле вакцината на „Астра Зенека“ во спортската сала „Чаир“ во Ниш.

На бизнисмените им е закажана ревакцинација на 19 и 29 јуни.

-Ова е прва ваква акција. Ја организиравме со поддршка на Стопанската комора на Србија во рамки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ). Се помина во најдобар ред, истакнуваат од Комората.

Голем број на граѓани вчера во Ниш отишле непријавени за вакцинација, но завршиле со имунизација до 20 часот.

-Во оваа прва акција практично овозможивме вакцинирање на членките кои се дел од органите и структурите на управување на Комората, а бројот на вакцини го определи српската Комора за секоја од коморите-членки на КИФ,

веларт за МИА од Стопанската комора на Северна Македонија.

Поврзани новости