Украинските власти денеска соопштија дека во тек е евакуација на „повеќе од 17.000“ цивили од поплавените подрачја околу браната Каховка на југ, која беше делумно уништена во експлозија во текот на утрото.
„Повеќе од 40.000 луѓе се во опасност да бидат во поплавените подрачја. Украинските власти евакуираат повеќе од 17.000 луѓе. „За жал, повеќе од 25.000 цивили се на територијата под руска контрола“, изјави украинскиот главен обвинител Андриј Костин.
Руските сили кои окупираа делови од украинската територија во таа зона објавија дека почнале да ги евакуираат жителите од таа област.
Браната, една од шесте лоцирани покрај реката, која се протега по целиот пат од самиот север на земјата до морето на југ, беше крената во воздух синоќа. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за нејзината делумна штета.