Над 160 здравствени работници загинаа на должност во Појасот Газа

by Fokus

Повеќе од 160 здравствени работници починале додека работеле во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Кристијан Линдмајер.

Тој повика да се укинат ограничувањата за медицинска нега, нагласувајќи дека некои лекари вршат големи операции, вклучително и ампутации, без анестезија.

„Повеќе од 160 здравствени работници загинаа додека ја извршуваа својата должност грижејќи се за повредените и болните. Тоа се луѓе кои го одржуваа здравствениот систем само со својата посветеност“, рече Линдмајер на брифинг со новинарите.

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика сите страни во конфликтот во Газа да го прекинат огнот и „да работат на траен мир“.

Директорот на СЗО на социјалните мрежи објави дека во месецот на интензивно бомбардирање во Газа загинале 10.000 луѓе, од кои над 4.000 се деца.

Поврзани новости