Со стапувањето на сила на новите измени на Законот за електронски комуникации, Министерството за дигитална трансформација ќе може и поконкретно да се справува со нелегалните приредувачи на игри на среќа, рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
„Ние веќе изготвивме методологија за контрола и забрана за нелегалните приредувачи. На 2-3 недели, Државната лотарија ќе ни доставува извештај со табели на точни нелегални веб-страници кои приредуваат нелегални игри на среќа. Ние како Министерство, ја известуваме Агенцијата за електронски комуникации и истовремено праќаме налог кои се забранетите приредувачи и преку телеком операторите во рок од пет дена нелегалните веб-страници ќе бидат забранети и исклучени од јавна комуникација“, рече Андоновски.
Тој кажа дека според првичната проверка од Министерството, биле утврдени над 160 нелегални приредувачи на игри на среќа.