Државниот завод за статистика информира дека денеска заклучно со 23 март во 8 часот, бројот на попишани граѓани од дијаспората изнесува 130.009 илјади.
-Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување на услуги кои им се потребни од својата татковина, посочуваат од таму.
Тие потсетуваат дека самопопишувањето не е обврска, туку е должност кон татковината и кон сопствените корени.