Над 11.000 лица се пријавиле да трчаат на Скопскиот маратон во недела!

by Fokus

На први октомври (недела) ќе се одржи најголемата спортска манифестација во Македонија – Виз Ер Скопски маратон, а според организаторите, на ова издание е надминат бројот на пријавени. Дури 11.079 лица се пријавиле да трчаат по скопските улици, заклучно со 20-ти септември.

Освен од земјава, се пријавиле атлетичари од 53 други земји.

Скопскиот маратон за првпат се одржа во Скопје во 1997 година по иницијатива на познатиот спортки работник професор – тренер, Душан Ангеловски. Наредната 1998 година маратонот го организираше Михаил Пановски со група спортски работници, потоа следуваше пауза се до 2007 година.

Маратонот беше обновен во 2007 година на иницијатива на евро амбасадорот Ерван Фуере и на тогашниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, а организацијата беше доверена на Сојузот на спортови на Скопје.

На програмата беа три трки: полумаратон, 5.000 метри и 2.000 метри. По успешната организација на полумаратонот во 2007 година беше донесена одлука од следната 2008 година да се организира и маратонска трка.

Со обновувањето на Скопскиот маратон во 2007 година, се создаде голема мотивација за маратонското трчање.

Вики Клинчарова

Поврзани новости