Над 100 казни поради кршење на антиковид правилата во Даунинг Стрит

by Фокус

Британската полиција издаде повеќе од 50 нови казни за прекршување на антиковид правилата во Даунинг стрит и други владини згради, кои се дополнување на повеќе од 50 изречени минатиот месец, вклучително и на премиерот Борис Џонсон, неговата сопруга Кери Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак, јави Би-Би-Си.

Британскиот премиер Џонсон се извини минатиот месец кога му беше изречена казната за кршење на правилата на „локдаун“, кога во неговата канцеларија била организирана прослава за неговиот роденден, но одби да поднесе оставка поради тоа.

Најновите казни се однесуваат на божиќна забава во декември 2020 година, на која Џонсон не присуствувал. Полицијата истражува 12 собири, од кои се знае дека Џонсон присуствувал на најмалку три.

Поврзани новости