За да им помогнат на институциите за согледување на сите страни на проблемот со загадувањето на воздухот, Шанса за Центар изработи мапа која го покажува уделот на јавните институции во редот на загадувачите.
Воедно, велат дека се уверени дека проблемот со воздухот нема да се реши магично бидејќи тоа доаѓа од многу страни и се потребни многу пристапи.
Од Шанса за Центар велат дека мазутот е исклучително „валкан“ енергенс, но исто така не е за потценување ниту екстра лесното гориво кое содржи многу повеќе сулфур од дизелот. Велат дека токму на овој начин се уште функционираат над 100 јавни објекти а количините кои тие ја согоруваат е голема.
“На пример, ЈСП во своите автобази, Железници транспорт и Клиниката за физикална медицина и рехабилитација ќе согорат стотици илјади килограми мазут сезонава”, велат од „Шанса за живот“.